Тен Хаг по само ти меча доби отказ!
E R1 сеп 2025

Фото: tv21m
Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на бундеслигашот Баер. Одлуката ја донесе бордот на акционери на клубот од Леверкузен.
– Ова не беше лесна одлука. Никој не сакаше да го преземе овој чекор. Сепак, последните неколку недели покажаа дека е невозможно да се создаде нов и успешен тим со таква структура. Цврсто сме убедени во квалитетот на нашиот тим и сега ќе направиме сè што е можно за да го развиеме клубот, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес.
Педесет и петгодишниот Холанѓанец го презеде клубот на 1 јули. Под негово водство, Баер одигра три натпревари и забележа една победа, еден пораз и еден нерешен резултат.
Клубот од Леверкузен е на 12. место на табелата во Бундеслигата со еден бод.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



