SportM
Фудбал

Тешка повреда на Македонецот од Сампдорија, пауза од неколку месеци!

Редакција27 јул 2026
Тешка повреда на Македонецот од Сампдорија, пауза од неколку месеци!

Лоши вести за Сампдорија по пријателскиот натпревар против Таверне. Напаѓачот Никола Секулов заработи сериозна повреда на коленото, поради која ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Италијанско-македонскиот фудбалер влезе во игра во второто полувреме, на местото на Синани, но по околу 15 минути мораше да го напушти теренот поради повредата.

Од Сампдорија соопштија дека медицинските прегледи покажале повреда на предниот вкрстен лигамент на левото колено. По специјалистичките консултации, Секулов ќе биде опериран, а времето за опоравување ќе биде проценето во следните недели.

ПОРАКА НА СЕКУЛОВ

Напаѓачот од 2002 година на социјалните мрежи ја изрази својата разочараност поради тешката повреда:

„Овие денови беа тешки. Имаше гнев, имаше страв, имаше солзи, имаше моменти кога сакав само да се вратам назад. Но, избрав да гледам напред и оваа тешкотија да ја претворам во нешто што ќе ме направи уште посилен. Ќе се вратам. Не затоа што е лесно, туку затоа што не познавам друг пат.“

Секулов е роден во 2002 година и е фудбалер на Сампдорија, а во кариерата настапувал и за младинските категории на Јувентус. Тој имаше неколку настапи за македонската селекција за играчи до 17 години, но подоцна одбра да настапува за селекцијата на Италија, но никогаш не го облече дресот на сениорите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.