Фудбал
Тешки денови за легендата на Реал: Омилениот клуб го избрка Марсело по невиден инцидент (ВИДЕО)
Марсело, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, до вчера беше член на Флуминенсе, клубот за кој навиваше како дете и во чиј дрес ја започна кариерата. Сепак, една необична случка го остави без ангажман. Се се случи на дербито меѓу Флуминенсе и Гремио во саботата. Марсело беше на клупата и требаше да влезе во игра на крајот од регуларното време. Сепак, тренерот Мано Менезес го „измами“. Додека требаше да влезе во игра, тренерот Менезес реши да го врати на клупата.
Mano Menezes tried to sub on Marcelo but he refused his instructions so Menezes sent him back to the bench 🤯
— The Sack Race (@thesackrace) November 2, 2024
Настанала кратка расправија, по што тренерот го турнал назад и го спречил да влезе во игра. Очигледно Марсело не ги послушал упатствата што му ги дал тренерот, по што бил вратен на клупата. Овој сосема изненадувачки инцидент, каков што не се сеќаваме во модерниот фудбал, го чинеше и работа. Имено, Флуминенсе по натпреварот објави дека договорот на Марсело со клубот е раскинат.