Connect with us

Кошарка

Тежок скандал! Американецот на срамен начин славеше против Србија, грдиот гест ја обиколи планетата за неколку секунди (ВИДЕО)

Српските кошаркари загубија од Соединетите Американски Држави (110:84) на отворањето на Олимписките игри, што беше причина да видиме грди сцени од ривалскиот табор. Скандалот го создаде Ентони Едвардс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс.

На почетокот на третата четвртина, при водство на Американците со 63:53, Едвардс прослави кошеви на еден од соиграчите имитирајќи сексуални односи. Најдобриот кошаркар на Минесота воодушевено скокна од клупата и најблаго кажано грубо гестикулираше со рацете.