SportM
Фудбал

Тирам ќе отсуствува 4 месеци, Јувентус донесе важна одлука по повредата на Французинот

SPORTM.mk3 сеп 2026
Тирам ќе отсуствува 4 месеци, Јувентус донесе важна одлука по повредата на Французинот

Кефрен Тирам ќе отсуствува околу 4 месеци поради стар проблем со десното колено. Тој денес ќе биде опериран на коленото во Лион и потоа ќе се следи неговото закрепнување, но неговото подолго отсуство е сигурно.

Меѓутоа, Јувентус одлучи да не интервенира на трансфер пазарот за да најде замена за францускиот играч за врска. Иако трансфер пазарот се затвори на 1 септември, клубовите имаат право да доведуваат слободни играчи.

Но, клубот одлучи да каже „не“ на оваа идеја и да се потпре на трансферот од последниот ден од Тотенхем, Пап Сар, како и на другите имиња во средниот ред како Мануел Локатели, Даглас Луис, Теун Копмejнерс, Вестон Мекени и младиот Августо Овусу од Јувентус Некст Ген.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.