„Тоа што му го направија е срамно“, Артуро Видал го брани Роналдо и го критикува португалскиот селектор

Артуро Видал јавно застана во одбрана на Кристијано Роналдо по неговото заминување од собирот на Португалија, затоа што не беше активиран ниту една минута во вториот натпревар од групата, оној против Норвешка.
Чилеанскиот играч за врска, кој претходно играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер Милано, го критикуваше тренерот Жорже Жезус. Тој истакна дека Роналдо заслужува третман кој одговара на неговиот статус и на сето она што го дал на португалскиот фудбал.
„Мислам дека тренерот остави многу лош впечаток. Искрено, тоа е срамно. Играч како Кристијано Роналдо, кој е еден од најдобрите четири играчи во историјата на фудбалот и кого сите би го рангирале на прво, второ или трето место, да се отстрани од репрезентацијата на ваков начин… тоа е неверојатно.
Таков играч не може да се отстрани на таков начин. Кристијано има право да прави што сака. Она што тој го дал на фудбалот и на репрезентацијата на Португалија е дека ги донесе на повисоко ниво. Има тренери кои не ги почитуваат овие работи“, рече Видал.



