Тој ќе биде клучен играч на Челси за многу години, хемијата со неговите партнери во нападот е фантастична

Тренерот на Челси, Чаби Алонсо, верува дека најновото засилување оваа сезона, Морган Роџерс, ќе има големо влијание врз лондонците оваа сезона. Тој одлично ја започна својата авантура во Премиер лигата оваа сезона, со два гола и 2 асистенции.
„Роџерс ќе биде клучен играч за шест, седум години во иднина. Моментално има големо влијание. Исто така, тој изгледа многу среќен, што е важно“, изјави шпанскиот тренер.
„Хемијата со целиот тим е извонредна, хемијата со неговите партнери во нападот е фантастична и тоа се случи за толку кратко време, што ни дава многу надеж за иднината“, рече Алонсо.
„Ако зборуваме за планирање на тимот, стануваше збор за носење големи одлуки. Одлуката за доаѓањето на Морган беше многу голема, да се добие играч од таков калибар и присуство за иднината“, рече Шпанецот.



