„Тој нема да замине“, Жозе Мурињо донесе важна одлука во Реал Мадрид
SPORTM.mk9 авг 2026

Тиаго Питарч нема да замине од Реал Мадрид ова лето и ќе биде дел од првиот тим, а не од вториот. Ова е последната одлука на Жозе Мурињо, кој има целосна доверба во 19-годишниот играч од средниот ред.
Според АС, Мурињо му побара на Питарч да остане и ќе се потпира на него веднаш штом ќе се опорави од повредата. За Шпанецот, кој ова лето стана европски шампион со својата репрезентација, имаше сериозен интерес од Фулам.
Лондонскиот клуб испрати атрактивна понуда до Реал Мадрид, но истата беше одбиена по одлуката на Мурињо. Иако моментално е повреден, се очекува дека Питарч ќе има повеќе минути во новата сезона, отколку во претходната.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



