„Тој треба да се разбуди“, во ПСЖ се незадоволни од летниот трансфер

Едно од изненадувањата на летниот трансфер период беше несомнено враќањето на Лукас Дињ во ПСЖ. Левиот бек си замина од Астон Вила и се врати во ПСЖ за 10 милиони евра.
Според Л’Екип, работите не одат добро за Лукас Дињ, кој не успева да се приспособи кон стилот на игра на Луис Енрике и, пред сè, изгледа дека му недостига вистинскиот менталитет за да биде дел од овој клуб.
„Тој треба да се разбуди. Добро е што дојде тука прифаќајќи ја улогата на втор играч, но не е на одмор или полупензија. Треба да се бори и да се обиде да биде подобар од Нуно Мендеш, бидејќи Нуно нема да игра на секој натпревар“, изјави извор од ПСЖ за Л’Екип.
Неговото отсуство од почетниот состав против Лил, иако Нуно Мендеш не беше повикан за овој дуел, претставува прв јасен сигнал даден од Луис Енрике за 33-годишниот Французин.



