Connect with us

Фудбал

Тони Крос подготвил „златни“ копачки за финалето, последен меч во клупската кариера! (ФОТО)

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос вечерва во финалето против Борусија Дортмунд во ЛШ ќе го одигра последниот меч во клупската кариера, а за таа прилика подготвил и посебни копачки.
Крос пред неколку недели го изненади фудбалскиот свет кога порача дека ја игра последната сезона и дека на крајот од оваа натпреварувачка сезона се повлекува.

Откако ќе ја заврши клупската кариера, летово му преостанува и да го одигра Европското првенство со репрезентацијата на Германија, а чиј домаќин е токму неговата земја и е одлична прилика да се прости од националниот дрес пред своите навивачи.