Тоти за Гасперини: Тој е вистинскиот!

„Во текот на таа вечера, Гасперини ми пренесе доверба и љубов кон овој град и Рома. Тренер што доаѓа однадвор и има толкава пасија и желба да ја промени ситуацијата ми дава сигурност. Колку повисоко ја подигне Рома, толку посреќни ќе бидеме. Тој е вистинската личност во овој момент; решителен, бара почит, нешто многу важно во оваа средина“, изјави Франческо Тоти за време на промоцијата на книгата „Oltre“.
На прашањето за можноста за враќање во клубот во некоја раководна улога, поранешниот капитен рече: „Тие имаат други идеи за живот и работа, но тоа е во ред. Прифаќам со задоволство. Или работите се прават заедно, или не се прават воопшто, ако другата страна не мисли исто. Не треба да одиме понатаму од тоа. Сум задоволен од тоа што го прават и без мене. Јас останувам во позадина, но за Рома ќе бидам секогаш тука“.



