SportM
Други

Трагедија ја потресе Македонија, почина младиот кик боксер Марко Тодоров

Редакција9 мар 2024
Трагедија ја потресе Македонија, почина младиот кик боксер Марко Тодоров

Младиот шампион во кикбокс Марко Тодоров ја загуби последната борба. Семејството, пријателите, соработниците и фановите се простуваат од прерано починатиот Марко на социјалните мрежи.

Веста за неговата смрт, меѓу другите, ја сподели и етаблираната модна креаторка Ивана Кнез.

– Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!

Марко почина на 23-годишна возраст.

Во ноември 2018 година, Марко Тодоров го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.