Connect with us

Фудбал

Трагедија пред вечерашниот дуел со Милан од Лигата на шампионите, загина навивач на Ливерпул!

Педесет и едногодишен Ирец, кој отпатувал во Италија како навивач на Ливерпул, загинал во понеделникот вечерта додека го минувал автопатот А4 во близина на аеродромот во Бергамо, јавуваат италијанските медиуми.

Навивачот пристигнал од Ирска за да го бодри Ливерпул на вечерашниот натпревар на „црвените“ против Милан. Медиумите јавуваат дека тој се обидувал да го помине автопатот во близина на аеродромот во Бергамо кога го удрил автомобил.

Il Corriere della Sera пишува дека во неговиот џеб бил пронајден билет за натпреварот кој се игра на стадионот Сан Сиро. Наводно, тој се обидел да го помине автопатот за да стигне до хотелот НХ каде требало да преноќи. Со него во Италија пристигнале уште две лица кои не биле пронајдени на местото на несреќата.