Трајковски и Ристовски му откажаа на Милевски, повикано ново име за мечот со Ерменија
Редакција6 сеп 2024

Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Торшавн каде утре со почеток во 15 часот ја очекува дуелот против Фарски острови на отворањето на Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски за саботниот дуел, како и натпреварот против Ерменија, закажан за 10 септември во Скопје, дополнително го повика капитенот на репрезентацијата до 21 година Марио Илиевски.
Ова доаѓа откако Милевски се соочи со непланирани откажувања во нападот поради повреди на Александар Трајковски и Милан Ристовски.
Младиот Илиевски е прекомандуван во сениорскиот тим, ден откако вчеравечер ја предводеше репрезентацијата до 21 која загуби од холандија со 5-0 во евроквалификациите.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



