Connect with us

Фудбал

Трајковски пред денешниот меч со Хрватска: Подобриот нека победи!

Александар Трајковски во пресрет на денешниот пријателски меч со Хрватска порача дека многу ќе недостига Енис Барди во нашиот тим, но сепак додава дека сите останати се подготвени да го дадат својот максимум.

„Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември, вели Александар Трајковски.

Мечот се игра во Ријека со почеток во 19:00 часот.