SportM
Фудбал

Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

E R30 мај 2025
Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Фото: tv21m

Македонската фудбалска репрезентација вчера го имаше првиот собир во пресрет на јунските делите против Белгија и Казахстан во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Во воведните две кола во групата Ј, избраниците на селекторот Благоја Милевски освоија четири бодови, откако триумфираа над Лихтенштајн на гостински терен, а одиграа нерешено против Велс во Скопје.

Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

„Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“, изјави Трајковски.

Македонија на 6 јуни ја пречекува Белгија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три денови подоцна гостува на Казахстан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.