SportM
Фудбал

Треба да се чувствува среќен што е во Милан, Рубен Аморим со јасна порака за ѕвездата на тимот

SPORTM.mk4 авг 2026
Треба да се чувствува среќен што е во Милан, Рубен Аморим со јасна порака за ѕвездата на тимот

Во пресрет на дербито против Интер, кое овој пат е само во рамки на пријателски натпревар, тренерот на Милан испрати индиректна, но јасна порака до Рафа Леао, потсетувајќи го дека треба да се чувствува среќен што е дел од „росо-нерите“.

„Рафа Леао има среќа што е во клуб како Милан, затоа треба да биде среќен. Чувствувам дека тој е среќен и мотивиран. Не знам што ќе се случи од сега до крајот на трансфер-периодот, но чувствувам дека групата навистина е сплотена. Не сум слушнал или забележал никаква промена кај Леао во споредба со останатите играчи“, изјави Рубен Аморим во интервју за Tuttomercato.web.

И покрај тоа што има договор со Милан до 2028 година, Рафа Леао одлучи да се тргне од „росо-нерите“, но до сега преговорите со другите заинтересирани клубови не биле лесни, поради барањата на Португалецот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.