Тренерот брутално искрен, Нејмар нема да биде регистриран-Не е на ниво на кое сме навикнале да го гледаме!
E R17 јан 2025

Фото: tv21m
Се чини дека деновите на Нејмар во Ал-Хилал се избројани откако тренерот на тимот, Жорже Жесус изјави дека Бразилецот повеќе не е играч каков што беше.
-Нејмар е од светска класа, но физички веќе не може да настапи на нивото на кое сме навикнати да го гледаме, коментира тренерот.
Тој додаде дека 32-годишниот Бразилец нема да биде вклучен во натпреварите на тимот во азиската Лига на шампиони.
Нејмар се уште нема играно во сезоната на првенството во Саудиска Арабија бидејќи постојано е повреден.
Во исто време се шпекулира дека тој преговара за трансфер во американскиот Чикаго Фајр.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



