Тренерот на Милано со пофални зборови за македонскиот кошаркар по победата над Реал Мадрид
E R8 ное 2024

Фото: tv21m
Тренерот на Милано, Еторе Месина, по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Популарниот Нено синоќа постигна 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот. Извонредната партија се покажа како клучна за победата на Милано над кралскиот клуб.
– Погледнете каква игра демонстрира. Да не заборавиме дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Виртус имаше големо влијание на играта. Сигурен сум дека ако се навикне физички на лигата, ќе остави навистина силна трага во Евролигата, изјави Месина по дуелот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



