Други спортови
Тренерот на таеквондистот Георгиевски кој освои сребро на ОИ во Токио, доби награда за животно дело „8 септември“
Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“.
Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
На свеченоста по повод доделувањето на наградите што се одржа денеска во во Собранието, Костовски истакна дека ништо не е невозможно за тој што ќе се осмели.
– Една мала група на одбрани се осмеливме да направиме чекор од Скопје до Токио, чекор кој трае седум години. Се осмеливме да освоиме олимписка норма, да ги погледнеме најсилните противници во нашиот спорт во очи и да ги победиме. Се осмеливме да стигнеме во олимписко финале на олимписки игри, сето тоа резултираше со сребрен медал и со поставување на нашето знаме на олимпискиот медал, истакна тој.
Костовски се заблагодари и наградата ја посвети на својот татко и целата, како што рече, „чесна работничка класа“.