Тргнете го тоа од дресот-ФИФА нареди на репрезентација да го промени дресот два дена пред почетокот на Мундијалот (ФОТО)

Светската фудбалска федерација, ФИФА, донесе одлука со која на репрезентацијата на Хаити и’ наложи да го измени својот официјален дрес непосредно пред почетокот на Светското првенство во Северна Америка.
Причината за оваа невообичаена интервенција се наоѓа во еден детал на спортската опрема кој, според толкувањето на ФИФА, може да содржи политичка порака.
Оваа одлука предизвика бројни реакции во јавноста, особено во земјите од Латинска Америка и Карибите. Според извори од САД, светската фудбалска куќа побарала од компанијата „Саета“, која е задолжена за дизајнот на дресовите на Хаити, да го отстрани спорниот мотив. Станува збор за приказ на Битката кај Вертјер од 1803 година.
Во образложението се наведува дека:
„ФИФА побара од Саета, компанијата одговорна за дизајнот на дресовите, тие да бидат изменети поради можни политички пораки.“
Исто така се додава:
„Дресот на Хаити ја содржи сликата од Битката кај Вертјер од 1803 година. Таа битка се смета за клучна за стекнувањето независност на земјата по конфликтот со Франција и ФИФА бара да се достави дрес без тој дизајн.“
ТЕМЕЛ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ХАИТИ
Битката кај Верјтер, која се случила на 18 ноември 1803 година, означила одлучувачки пораз на француската војска и го отворила патот кон прогласувањето независност на Хаити.
Неколку месеци подоцна, на 1 јануари 1804 година, тогашната колонија Сен Доминго (Saint-Domingue) официјално станала независна држава Хаити, со што било укинато ропството и била создадена првата слободна република во Латинска Америка и на Карибите.
Reprezentacja Haiti na oficjalnych koszulkach w których zagra na Mistrzostwach Świata umieściła POLSKĄ FLAGĘ!
To nie błąd projektanta ani przypadek – to wyjątkowy gest pełen szacunku, który porusza serce każdego Polaka. W 1802 roku Napoleon wysłał kilka tysięcy żołnierzy z… pic.twitter.com/4pJeecOSmE
— Codziennik z Mordoru (@mordownik4u) June 9, 2026
Поврзани вести

Инфантино: Бев подготвен да одам во Техеран со автобус да ги земам фудбалерите на Иран и да го донесам во САД (ВИДЕО)

Почнува Светското првенство, скандали и пропусти, за прв пат нема пренос на МТВ, кој е фаворит, а кој може да изненади?!

