Тројца во игра, ова се кандидатите за нов тренер на Рома
E R14 дек 2024

Раководството на Рома сака да назначи Италијанец за главен тренер на тимот, а главни кандидати се актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, поранешниот стратег на Јувентус Масимилијано Алегри и селекторот на турската репрезентација и поранешен напаѓач на римскиот прволигаш Винченцо Монтела, објави денеска новинарот Анџело Манџианте.
Новиот тренер на Рома ќе биде назначен по завршувањето на сезоната. Дотогаш, на оваа позиција ќе биде Клаудио Раниери, кој привремено седна на клупата по отказот на Иван Јуриќ, и по завршувањето на сезоната ќе добие раководно место во клубот.
По 15 кола Рома е на 11. место во италијанската Серија А со 16 бодови.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



