SportM
Фудбал

Црвена Звезда доби уште едно големо засилување (ВИДЕО)

Редакција5 сеп 2024
Црвена Звезда доби уште едно големо засилување (ВИДЕО)

Црвена Звезда доби уште едно големо засилување. Дресот на тимот од Белград ќе го носи Раде Круниќ, кој ја задолжи „шестката“. Тој доаѓа на местото на одличниот Кореец, Ин Бом Хванг, кој се пресели во Феенорд. Инаку, Круниќ доаѓа од Фенербахче, каде играше изминатиот период како позајмен фудбалер на Милан. Претходно играше за Емполи, Верона, Борац Чачак и Сутјеска Фоча. Круниќ има 30 години и е активен репрезентативец на Босна и Херцеговина. Пред само неколку дена Црвена Звезда го ангажираше напаѓачот од Штутгарт, Котомпа Мвумпа Силас кој важи за еден од најбрзите фудбалери во светот. Завршен е и транферот на Немања Радоњиќ од Торино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.