SportM
Други

Црвено знаме!!! Запрена трката во Холандија, страшна несреќа за Макс Верстапен на домашната трка

SPORTM.mk23 авг 2026
Црвено знаме!!! Запрена трката во Холандија, страшна несреќа за Макс Верстапен на домашната трка

Трката за Големата награда на Холандија во Формула 1 беше запрена по само две круга. На крајот од првиот круг, во свиокот пред стартната линија, домашниот возач Макс Верстапен доживеа страшна несреќа.

Возачот на Ред Бул, кој се натпреваруваше на својата домашна трка, го загуби контролaта над својот болид, прво удирајќи во левата страна во заштитните бариери, а потоа преминувајќи ја патеката за да запре пред влезот во боксовите.

Болидот на Верстапен беше целосно уништен и многу делови од него останаа на патеката во Зандворт, што ги принуди судиите да ја запрат трката. За среќа, нема проблем за Верстапен, кој изјави дека се чувствува добро.

Веднаш беше објавено „црвено знаме“ и болидите се вратија во гаражите (за среќа ниту еден друг болид не беше вклучен во несреќата). Верстапен сам излезе од својот болид, но оваа несреќа беше неочекувана за четирикратниот светски шампион во Формула 1, кој доживеа страшна несреќа.

Несреќата на Макс Верстапен – ВИДЕО

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.