SportM
Фудбал

Цветаноски како Меси, слалом и гол, го „запали“ стадионот (ВИДЕО)

E R16 сеп 2025
Цветаноски како Меси, слалом и гол, го „запали“ стадионот (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Какво само дерби беше одиграно синоќа во БиХ, помеѓу Железничар и Борац Бања Лука. Ова се првиот и вториот тим на табелата, а директен удел во резултатот имаше и македонскиот интернационален напаѓач Матеј Цветаноски. Имено, тој при резултат од 1:2 за Борац, направи вистински слалом, во стилот на Меси, измеша неколку противнички играчи и постигна ефектен  гол за дилириум на трибините. Инаку ова беше луд меч. Борац водеше со 2:0 на полувремето, но во вториот дел домаќинот Железничар постигна три голови и тоа во последните 20-тина минути од мечот и дојде до три бода. Цветаноски во игра влезе во 46-та минута, односно на стартот на вториот дел. На спротивната страна македонскиот голман Шишковски беше на клупата за резеври.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.