SportM
Фудбал

Турски судија ќе му дели правда на Вардар на првиот европски предизвик

Редакција29 јун 2026
Турски судија ќе му дели правда на Вардар на првиот европски предизвик

Кадир Саглам од Турција е назначен за главен судија на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Вардар и финскиот Купс.

Првиот дуел ќе се игра на 7 јули на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 19 часот.

Реваншот е закажан за 14 јули во Финска, од 17 часот по македонско време, а правдата ќе ја дели шкотска судиска екипа предводена од Метју Макдермид.

Вардар денеска ќе дознае со кого ќе игра доколку го мине Купс.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.