SportM
Фудбал

УЕФА ја предупредува ФИФА: Размислуваме за правни мерки, не ja уништувајте документацијата

SPORTM.mk3 авг 2026
УЕФА ја предупредува ФИФА: Размислуваме за правни мерки, не ja уништувајте документацијата

УЕФА ја засили повеќе конфронтацијата со ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино. Според „Телеграф“, европската институција му испратила официјално предупредување, заканувајќи се со започнување на правна акција поврзана со напуштениот проект „ФИФА Форвард Ентерпрајс“ (FFE).

Во центарот на конфликтот е планот кој би им дозволил на приватните инвеститори да влезат во дел од трговските активности на ФИФА, вклучувајќи ги и правата поврзани со Светското првенство. УЕФА го смета ова како недоследно со принципите на транспарентност и добро управување во меѓународниот фудбал.

Во писмото до Инфантино, УЕФА наведува дека „активно оценува правни мерки, арбитражни процедури и/или жалби до регулаторните власти“. Слични пораки биле испратени и до неколку лица вклучени во проектот, меѓу кои и американскиот бизнисмен Џошуа Кушнер, претседателот на „ТрипАдвисор“, Грег Мафи, и инвестициската банка „ЈП Морган“.

УЕФА исто така побара од ФИФА и другите страни да ги зачуваат сите документи и електронски комуникации поврзани со FFE, за да се избегне бришењето или промена на можни докази во судскиот процес. Конфликтот меѓу двете најголеми институции во светскиот фудбал се очекува да продолжи и на правно поле.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.