УЕФА Конференциска лига: Шкендија го совлада Слован Братислава
E R12 дек 2025

Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот.
Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на голот беше Себастијан Спахиу.
Во следното коло Шкендија гостува кај екипата на АЕК Ларнака (18.декември), екипа која има 9 бодови без пораз на петте натпревари, но и серија од три нерешени резултати откако вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај Хакен.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



