Connect with us

Фудбал

УЕФА на косовски новинар забрани пристап на ЕУРО 2024, откако леташе орли пред навивачите на Србија (ВИДЕО)

Косовскиот новинар Арлинд Садику доби забрана за присуство на остатокот од Европското првенство, откако ги испровоцира српските навивачи на натпреварот помеѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен. Садику беше под трибината со српските навивачи и им го покажа симболот на „Голема Албанија“, двоглав орел. После тоа, одредени предмети одлетале кон него од трибините, но ниту еден не успеал да го погоди.

По ова УЕФА покрена истрага, а според косовските медиуми, на Садику му е забрането да присуствува на евро-натпреварите и му е вратена новинарската акредитација. Да потсетиме, Србија беше поразена во првиот натпревар на ЕП од Англија со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Џуд Белингем. Во следното коло за противник ќе ги има Словенија.