УЕФА се посрамоти, им снема медали за најголемите ѕвезди на Тотенхем (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Фудбалерите на Тотенхем синоќа ја освоија Лигата на Европа, а УЕФА се посрамоти кога се одржа церемонијата на доделување на медалите.
THE FIRST TIME IN SEVENTEEN YEARS 🏆
A TROPHY FOR TOTTENHAM HOTSPUR AT LONG LAST 🤩 pic.twitter.com/nnIv54vXip
— Football on TNT Sports (@footballontnt) May 21, 2025
Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед со 1-0, а на церемонијата на доделување медали во Билбао видовме сцена што не треба да се случува на сериозна организација како УЕФА. Златните медали им ги додели на играчите на Тотенхем претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, но кога дојде редот на клучните играчи од одбраната, средниот ред и нападот, Кристијано Ромеро, кој беше прогласен и за играч на натпреварот, Родриго Бентанкур и капитенот Сон Хеунг-Мин, тој остана без медали.
Кога сфати дека нема повеќе медали за доделување, Чеферин се сврте кон луѓето за протоколот, и по краток разговор со нив, им се извини на трите ѕвезди на Тотенхем со насмевка и им се ракуваше. И така, фотографијата од победничкиот тим сигурно ќе влезе во историјата бидејќи капитенот со пехарот во рацете нема медал што му виси околу вратот.



