УЕФА со „шлаканица“ за ФИФА: Нема да играме на приватниот Мундијал на Инфантино!

Англија и останатите европски членки на УЕФА ќе ги бојкотираат натпреварувањата под капата на ФИФА доколку Џани Инфантино продолжи со планот за продажба на сопственички удели поврзани со Светското првенство, објави „Тајмс“.
-Англија и останатите европски членки на УЕФА ќе ги бојкотираат натпреварувањата под капата на ФИФА доколку Џани Инфантино продолжи со планот на приватни инвеститори да им продаде сопственички удели поврзани со Светското првенство“, пишува Мартин Циглер во новиот број на англискиот весник „Тајмс“ и додава:
„Одлука од огромно значење е донесена на кризен состанок на претставниците на сите 55 членки на УЕФА, кој беше одржан преку видеоконференција, со цел да се разговара за исклучително контроверзниот план за продажба.“
Одлуката била донесена на кризен состанок на претставници на сите 55 членки на УЕФА, одржан преку видеоконференција, каде се разговарало за контроверзниот план.
Според информациите, состанокот го водел претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, а одлуката се оценува како еден од најзначајните моменти во историјата на ФИФА.
Европските фудбалски структури сметаат дека без европските репрезентации, проектот на Инфантино би пропаднал, бидејќи инвеститорите би вложувале во натпреварување без најголемите светски селекции.
На планот се спротивстави и Азиската фудбалска конфедерација, која изрази „голема загриженост и разочарување“ поради недостигот од консултации. Критики упати и КОНКАКАФ, со што расте притисокот врз раководството на ФИФА.



