УС Опен: Алкараз и Сабаленка продолжуваат понатаму, американските тенисери „освојуваат“ четвртфиналињата

Денеска започнаа натпреварите од четвртото коло на гренд слемот УС Опен во тенис, со што се одредуваат првите четвртфиналисти. Американскиот тенисер Франсис Тиафо продолжува понатаму по победата од 3-0 (7-6, 6-4, 7-6) против Русинот Даниил Медведев.
Во четвртфинале одат и двајца други домашни тенисери, Бен Шелтон (3-0 против Стефанос Циципас) и Алекс Мајкелсен (3-0 против Томас Етчевери). Се квалификува и Шпанецот Карлос Алкараз, кој го совлада 3-0 (6-4, 6-3, 6-4) Томи Пол.
Кај жените, светскиот број 1, Белорусинката Арина Сабаленка, ја совлада 2-0 (6-4, 6-3) Американката Тејлор Таунсенд. Билет за четвртфинале обезбеди и чешката тенисерка Лидиа Носкова, која победи 2-1 (7-5, 5-7, 6-4) против Марта Костјук.
Двете други квалификувани четвртфиналистки денеска се Ема Наваро и Џесика Пегула. Првата победи 2-0 (6-4, 6-2) против Русинката Ана Калинскаја, додека втората ја совлада 2-0 (6-3, 6-4) Романката Сорана Кристија.



