SportM
Други

УС Опен: Алкараз со пресврт до победа, се квалификуваа и Рибакина, Медведев, Пегула и Паолини

SPORTM.mk3 сеп 2026
УС Опен: Алкараз со пресврт до победа, се квалификуваа и Рибакина, Медведев, Пегула и Паолини

Денес во Њујорк се играа првите натпревари од второто коло на гренд слемот УС Опен. Број 3 во светот, шпанецот Карлос Алкараз, победи со пресврт 3-1 против португалецот Ж.Фариа (4-6, 6-0, 6-3, 6-2).

Во третото коло напредуваат американецот Томи Пол, кој го победи со 3-1 Д.Призмич, како и гркот Стефанос Циципас (го победи со 3-1 Л.Харис). Билет за понатаму обезбедија и чехот Јири Лехечка, канадецот Денис Шаповалов, американецот Бен Шелтон и русинот Даниил Медведев.

Кај жените, број 1 во светот, белорусинката Арина Сабаленка, победи лесно со 2-0 (6-1, 6-1) против П.Јатченко. Без проблеми победи и број 3 во светот, тенисерката од САД Џесика Пегула, која ја елиминираше нејзината земјачка С.Кенин.

Се квалификуваат понатаму и италијанската тенисерка Жасмин Паолини, чехинката Каролина Мухова, Американките Ема Наваро и Тејлор Таунсенд, Украинката Елина Свитолина и канадката Лејла Фернандез, додека беше елиминирана Слоун Стивенс од САД.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.