SportM
Кошарка

Уште еден Американец во дресот на МЗТ Скопје!

Редакција31 јул 2026
Уште еден Американец во дресот на МЗТ Скопје!
Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл.
Потоа настапуваше за Капфенберг (Австрија), Славија Прага и Усти над Лабем (Чешка), Короивос (Грција), додека минатата сезона ги бранеше боите на литванскиот прволигаш Јонава. Важи за одличен поентер и скокач, поради што често натпреварите ги завршува со дабл-дабл учинок.
Ворнер е третото интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по сонародникот Ноа Фарахан и босанскиот центар Емир Крајиниќ. Договори со клубот имаат и Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, како и повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски, додека тренер на екипата останува Васко Атанасов.
Во сезоната што следува МЗТ Скопје ќе настапува во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.