SportM
Фудбал

Условот на Винисиус за Реал Мадрид е 80 милиони евра!

Редакција30 јул 2026
Условот на Винисиус за Реал Мадрид е 80 милиони евра!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, има намера да добие бонус од 80 милиони евра за продолжување на договорот со „Лос Бланкос“.

Според новинарот Пепе Алварез, 26-годишникот сака да ги зголеми и своите права за имиџ од 50 проценти на 80 проценти.

Поради барањата на Винисиус, неговата иднина во клубот останува под знак прашалник.

Крилниот напаѓач е во Реал Мадрид од 2018 година, а неговиот договор важи до летото 2027 година.

Во сезоната 2025/26, напаѓачот одигра 53 натпревари за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.