Вака се игра во Европа, Шкендија со убедлив триумф против Браво до трето квалификациско коло
Редакција30 јул 2026

Екипата на Шкендија ќе игра во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1.
До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво си постигна автогол, преку Јован и со 1:1 се отиде на полувреме.
Во 50. минута Криезиу донесе водство за Шкендија, а триумфот го запечати Ѓорѓиевски во 88. минута. На првиот меч Шкендија беше поразена со 2:1.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



