SportM
Фудбал

Валдано го воздигнува Мбапе по „Ел Класико“: Тој е лидер дури и кога не сака…

SPORTM.mk26 окт 2026
Валдано го воздигнува Мбапе по „Ел Класико“: Тој е лидер дури и кога не сака…

Хорхе Валдано го оцени влијанието и лидерските способности на Килијан Мбапе по победата на Реал Мадрид со 2-1 против Барселона на „Камп Ноу“. Французинот ги постигна двата гола на мадридскиот тим: „Има технички, емоционални и социјални лидери. Секој има свој начин на водство. Играч кој постигнува во просек еден гол по натпревар, како може да не биде лидер?“

Валдано нагласи дека головите му даваат на Мбапе извонредно влијание во тимот: „Да водиш значи да имаш влијание, а оној кој дава голови има поголемо влијание од кој било друг, зарем не?“

Тој продолжи: „Мбапе е многу, многу интелигентна личност и води дури и кога не сака, бидејќи се што ќе му падне на ум сигурно ја привлекува вниманието на соиграчите“.

Оваа сезона, францускиот напаѓач има постигнато 14 голови и 3 асистенции во 13 натпревари.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.