Фудбал
Валенсија го крева во облаци Столе Димитриевски, тој вели: Заслугата е на сите! (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ги искажа впечатоците за победата на гостински терен против Атлетик Билбао.
Валенсија вчера славеше со 1:0 на „Сан Мамеш“, Димитриевски беше најдобар на теренот.
– Бодовите се многу важни, за нас секој натпревар е клучен. Дојдовме тука да се бориме, работевме напорно и успеавме да ја обезбедиме победата благодарение на трудот на сите. Целиот тим трчаше неуморно, беше дисциплиниран, ги следеше упатствата на тренерот и сите се издигнавме на висина на задачата за да го добиеме натпреварот. Знаеме колку е тежок овој терен, истакна Димитриевски на клупскиот сајт на Валенсија.
Очекува неговиот тим да постигне добар резултат и на следните натпревари.
– Следниот натпревар против Рајо Ваљекано е многу важен, на домашен терен пред нашите навивачи. Желни сме да победиме на натпревар на „Местаља“, да славиме со навивачите, да пееме, да бидеме заедно затоа што тие го заслужуваат тоа. Победата над Атлетик е исто така благодарение на навивачите кои дојдоа да нè поддржат.
За неговите извонредни одбрани, Македонецот вели дека се резултат на работа со своите колеги во тимот.
– Со помош на сите голмани, со Маркос Абад и Андони Очоторена кои работат секој ден, се обидуваме да придонесеме и да помогнеме од голманската позиција за да освоиме бодови. Денес се случи тоа и мора да продолжиме да работиме како група голмани, што е одлично, и работиме многу добро за да бидеме на ниво на тимот, додаде Димитриевски.
Валенсија има 42 бода по 35 кола во Ла Лига и се наоѓа на 12. место.
✈ ¡Vuelo sin motor de @Dimitrievski1 para salvar al @valenciacf en el AthleticValencia!
LALIGAHighlights | DesenlaceLALIGA pic.twitter.com/4Gg1IpQyph
— LALIGA (@LaLiga) May 10, 2026