Ракомет
Вардар и Борозан се разделија!
Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.
– Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера, стои во соопштението на РК Вардар.
Во текот на свјата кариера, Борозан настапуваше и за Ал-Хада, Ловќен, Ал Араби, Веспрем, ТуС Нетелштет Лубек, Металург и Карловац.