Connect with us

Фудбал

Вардар им порача на сите заинтересирани клубови: Дајте 1 500 000 евра и Мато е ваш!

Пред само неколку дена Вардар одби понуда од шкотски Хартс во висина од 350.000 евра за нивниот најдобар играч Касим Рогерс Мато. Клубот соопшти дека има голема заинтересираност за услугит на овој напаѓач кој имаше одлична полусезона во дресот на Вадар. Поради тоа клубот одлучи да постави цена за негов трансфер. Клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги ќе мора да платат 1 500 000 евра доколку го сакаат неговиот потпис.

-Оваа одлука е донесена во согласност со стратешките интереси на клубот и со цел соодветно да се заштитат спортските и финансиските вредности на Вардар, стои во соопштението на клубот.