SportM
Фудбал

Вардар ја помина првата пречка, елиминација за Силекс и Работнички!

E R18 јул 2025
Вардар ја помина првата пречка, елиминација за Силекс и Работнички!

Фото: tv21m

Фудбалерите на Вардар се пласираа во 2. квалификациско коло во Конференциската лига, откако вечерва одиграа нерешено 2-2 против Ла Фиорита и со вкупен резултат од 5-2 го елиминираа противникот од Сан Марино.

Освојувачот на македонскиот Куп допатува на реваншот во Серавале со предност од 3-0 од првиот дуел во Скопје која Ла Фиорита ја намали по само десет минути игра со голот од пенал на Фелипе.

Сепак, Вардар не дозволи сензација и со два гола во вториот дел го завери пласманот во втората квалификациска рунда во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Мато во 59 минута од пенал го израмни резултатот, а Омерагиќ во 84 минута му донесе на Вардар предност која составот на Гоце Седлоски ја испушти во завршната минута со автоголот на Јанкулов.

Вардар, кој се врати на европската сцена по седумгодишна пауза, за противник во 2. квалификациско коло во Конференциската лига ќе го има швајцарскиот прволигаш Лозана, а првиот натпревар треба да се игра во Скопје на 24 јули.

Претходно денеска, Силекс и Работнички ги завршија настапите во Конференицкста лига. Силекс со вкупен резултат од 2-3 беше елиминиран од црногорски Дечиќ, додека Работнички претрпе елиминација од белоруски Торпедо – Белаз со два порази од 3-0 и 1-0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.