Фудбал
Вардар предлага јужната трибина на арената „Тоше Проески“ да го носи името на Васил Рингов!
ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов.
Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци вчера во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница на која се испратија пораки.
Клубот воедно донесе одлука да го повлече дресот со бројот 11, кој повеќе нема да го носи никој во Вардар во чест на Рингов. Рингов почина минатиот вторник на 70 годишна возраст.