SportM
Фудбал

Вардар се засили со искусниот српски фудбалер!

Редакција5 сеп 2024
Вардар се засили со искусниот српски фудбалер!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили денеска своите редови со искусниот 29-годишен српски фудбалер Немања Босанчиќ.
Српскиот интернационалец игра на позиција централен играч за врска, а во редовите на скопскиот прволигаш доаѓа од литвански Паневезис.
За Босанчиќ ова е враќање во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која настапуваше две сезони (2020/21 и 2021/22) како играч на Струга во чиј редови постигна десет голови и додаде 11 асистенции на 48 натпревари.
Претходно во кариерата Босанчиќ настапуваше за Инџија, Чачак, Колубара, Беране, Лахти и ДЛ Про. Вардар објави и дека го ангажирал Рушту Јонуз од Гостивар.
Вардар е претпоследен на табелата по воведните четири кола од новата сезона во ПМФЛ со три бодови.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.