SportM
Фудбал

Вардар вечерва против Лозана, ќе ја брани предноста од Скопје!

E R31 јул 2025
Вардар вечерва против Лозана, ќе ја брани предноста од Скопје!

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА, Вардар вечерва го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло. „Црвено-црните“ за ривал ја имаат екипата на Лозана, а имаат и предност од 2:1 од првиот дуел одигран во Скопје.

– Одиграно е само едно полувреме. Мораме да бидеме фокусирани и да ги искористиме шансите. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар натпревар, па нека победи подобриот, изјави тренерот на Вардар Гоце Седлоски.

Горан Закариќ е со тимот, а Седлоски по тренингот ќе реши за составот. Инаку, за очекување е Вардар да има и поддршка од трибините од големиот број Македонци кои живеат и работат во Швајцарија.

Натпреварот Лозана – Вардар се игра вечерва со почеток во 20:15 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.