SportM
Фудбал

Вардар вечерва против Лозана!

E R24 јул 2025
Вардар вечерва против Лозана!

Фото: tv21m

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски фаворитската улога ја препушта на швајцарскиот тим, но најави максимално залагање на неговите избраници во обид да остварат добар резултат пред реваншот на гостински терен.

-Нѐ очекува тежок натпревар. Швајцарскиот фудбал е во подем. Ја респектираме Лозана, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам на максимално залагање од страна на моите фудбалери и добар резултат пред реваншот, рече Седлоски на синоќашната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Лозана ќе се игра вечер од 20:30 часот на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.