SportM
Други

Васер: Ситуацијата е различна споредена со 12 месеци наназад, не се откажуваме од титулата

SPORTM.mk22 сеп 2026
Васер: Ситуацијата е различна споредена со 12 месеци наназад, не се откажуваме од титулата

Теоретски, патеката во Мадрид требаше да му одговара на автомобилот Ферари SF-26, но трката повторно донесе извесно разочарување за ‘црвените’. Последен пат кога возач на Ферари славеше со шампањ беше на 19 јули, пред четири трки во Спа-Франкошамп, кога Шарл Леклер заврши втор по Андреа Кими Антонели.

Шефот на тимот од Маранело, Фредерик Васер, јасно стави до знаење дека тимот нема намера да се предаде. За разлика од последните сезони, кога „Скудерија“ го префрлаше фокусот на проектирање на автомобилот за наредната година веднаш штом титулата во Светскиот шампионат стануваше недостижна, пристапот овој пат ќе биде поинаков.

По трката во Баку тој рече дека нема да го напуштат развојот на SF-26: „Не, затоа што не сме во истата ситуација како пред 12 месеци. Денес, сè што развиваме може да се пренесе на автомобилот од проектот за следната сезона. Затоа, ќе продолжиме да работиме на различни аспекти и да тестираме различни нешта“.

Овие регулативи ни овозможуваат да пренесеме 80% од нашите развои на следниот автомобил. Работиме и за оваа сезона и за онаа што следува”, рече Васер. Тој ветил уште во Монца дека Ферари ќе носи континуирани новости до крајот на сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.