SportM
Други

Васер: Со Хамилтон и Леклер решивме сè по минатата трка, во Монца се тркаме дома

SPORTM.mk3 сеп 2026
Васер: Со Хамилтон и Леклер решивме сè по минатата трка, во Монца се тркаме дома

Фредерик Васер знае колку многу значи трката во Монца за Ферари и италијанските навивачи. Ферари се чувствува како дома таму и има видено триумфи кои довеле до извонредни светски титули за возачи низ децениите на Формула 1.

Директорот на тимот на „црвениот“, зборувајќи за оваа трка, рече: „Се обидуваме да и пристапиме на оваа трка како секоја друга на календарот. Се разбира, реалноста е малку поразлична, бидејќи ќе бидеме центар на вниманието, и спортски и во медиумите“.

„Ќе се обидеме да останеме во нашиот меур, свесни за тоа колку е барачка Монца за нашиот автомобил. Имавме добри резултати на други патеки каде што моќта беше ограничувачки фактор за нас, како што се Силверстоун и Спа“, додаде Васер.

Понатаму, Французинот рече: „Ќе направиме сè за да го максимизираме резултатот и тука, но секогаш останувајќи реалистични. Развојот на моторот во текот на сезоната, во рамките на буџетските и временските ограничувања, е сложен. Не сме единствените кои прават многу ажурирања“.

Во врска со дуелот меѓу Леклер и Хамилтон, тој рече: „Секогаш е тешко да се управува со шампионите на патеката, бидејќи тие се на врвот на нивната изведба и секогаш сакаат да победат. Но, станува навистина комплексно кога не можеш јасно да ги дискутираш работите со своите возачи, а тоа не е случај со нас“.

„По трката во Зандворт имавме еденчасовен телефонски повик со Хамилтон и Леклер и дадовме јасно објаснување на стратегијата, зошто ги донесовме тие одлуки, и на крај направивме оценка на ситуацијата додека веќе се фокусиравме на Монца“, изјави Васер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.