Вечерва во Лондон ќе биде доделена Златната топка. Кој ќе ја освои?

Во Лондон вечер ќе се одржи 70-тата церемонија за доделување на Златната топка. Триесет играчи се во конкуренција за наградата за најдобар фудбалер во сезоната 2025/26.
Номинирани за Златна топка во конкуренција на фудбалери: Џуд Белингам (Реал Мадрид), Пау Кубарси (Барселона), Марк Кукуреља (Челзи/Реал Мадрид), Усман Дембеле (ПСЖ), Луис Дијаз (Баерн Минхен), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед)., Габриел (Арсенал), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Ахраф Хакими (ПСЖ), Хари Кејн (Баерн Минхен), Квича Кварацхелија (ПСЖ), Ламине Јамал (Барселона), Садио Мане (Ал-Наср), Маркињос (ПСЖ), Лаутаро Мартинез (Интер), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Нуно Мендеш (ПСЖ) Лионел Меси (Интер Мајами), Жоао Невес (ПСЖ), Мајкл Олисе (Баерн Минхен), Вилијан Пачо (ПСЖ), Џулијан Кињонес (Ал Кадисија), Деклан Рајс (Арсенал), Родри (Манчестер сити/Барселона), Фабијан Руиз (ПСЖ), Вилијам Салиба (Арсенал), Феран Торес (Барселона/ПСЖ), Дајот Упамекано (Баерн Минхен), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) и Витиња (ПСЖ).
На церемонијата ќе бидат доделени 13 награди:
Златна топка – најдобар машки играч.
Женска Златна топка – најдобра жена играч.
Трофеј Копа – најдобар млад играч.
Женски трофеј Копа – најдобра млада фудбалерка.
Награда за машки голман на годината (порано трофеј Јашин).
Награда за женски голман на годината.
Трофеј Герд Милер – најдобар напаѓач.
Женски трофеј Герд Милер – најдобар напаѓач.
Трофеј Јохан Кројф – најдобар тренер во машки фудбал.
Трофеј Јохан Кројф – најдобар тренер во женски фудбал.
Машки клуб на годината.
Женски клуб на годината.
Награда Сократес – за социјални и добротворни иницијативи.
Настанот ќе се одржи во театарот „Паладиум“ со почеток во 21 часот.
„Златната топка“ е основана во 1956 година од француското спортско списание „Франс фудбал“, а од 2024 година церемонијата се организира во соработка со УЕФА.



