Веднаш по поразот од Болоња, тренерот на Борусија Дортмунд доби порака: Отпуштен си!
E R22 јан 2025

Фото: tv21m
Нури Шахин е разрешен од тренерската функција во Борусија Дортмунд, објави „Sky Sport Germany“ на социјалната мрежа Икс.
Според германскиот медиум, турскиот фудбалски специјалист дознал за отказот синоќа, веднаш по поразот од Болоња во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите.
Борусија загуби четири натпревари по ред. Тимот во моментов го зазема десеттото место во Бундеслигата, со 25 бодови.
Минатото лето Шахин ја презеде тренерската функција во Борусија Дортмунд, на местото на Един Терзиќ, кому претходно му асистираше.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



