Верстапен: Никогаш досега не сум доживеал ваква трка, победата ни влева доверба за иднината

Четвртата сезонска победа за Макс Верстапен дојде по извонредна трка на патеката во Лас Вегас. Холандскиот возач успеа да триумфира откако прво се соочи со силни двобои со двајцата ривали од Мерцедес, а потоа и со претставниците на Мекларен.
„Не верувам дека некогаш сум доживеал трка како оваа, барем не во Формула 1. Би ја нарекол нереална…“ изјави Верстапен, алудирајќи на фактот дека водечкиот во трката се менуваше дури 35 пати.
„Сѐ тргна добро од самиот почеток. Совршено ја реализиравме стратегијата за управување со енергијата, но потоа другите не стигнаа и ситуацијата стана малку комплицирана“, додаде Верстапен.
Потоа, Холанѓанецот истакна: „Направивме сѐ како што треба и покрај постојаните претекнувања. Ефектот на ‘прекршување на воздухот’ од автомобилот пред нас беше исклучително силен, беше невозможно да се дистанцираме”.
„Оваа сезона не започна добро, но успеавме навистина да ја промениме ситуацијата и продолжуваме да се подобруваме, имајќи го предвид следната година“, изјави Макс Верстапен.



